Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.
Новата малопродажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 60,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 62,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,136 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,701 денари.
115