Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени за горивата кои ќе важат од полноќ.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС 95 се зголемуваат за 0.50 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 28.12.2020 година.
Со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.