Спасителната служба „Златоврв“ веќе втор пат организира еколошка акција под мотото „Плетвар Зазеленува“. Од службата велат дека сакале да помогнат за доброто на сите и ова да го остават како пример на младите генерации да ги следат нивните чекори.
„До сега имаме засадено повеќе од 300 садници кои се донирани од наши сограѓани со цел да помогнат за подобар и позелен Плетвар во иднина. Побаравме помош и од Македонски Шуми со писмено барање, но помош за садници за жал не добивме. Но не се откажуваме и преку вакви акции ќе се трудиме што повеќе да засадиме садници“, велат од Спасителната служба „Златоврв“.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)