Ќе се реконструира дел од водоводната мрежа во Крушево

 

 

Општина Крушево ќе реконструира дел од водоводната мрежа на град Крушево со пренаменети средства од ТАВ Македонија, а со одлука на влада.

 

Се работи за дел од водоводната мрежа од споменикот Наум Наумовски Борче (место познато меѓу граѓаните како Тагас) до регионалниот пат Крушево – Демир Хисар. Целосната сума изнесува 16.203.160 денари, а општина Крушево веќе има изработено основен проект.

 

„Решаваме децениски проблем. Овој дел од водоводната мрежа ќе биде реконструиран и со тоа ќе обезбедиме редовно водоснабдување и безбедна вода за пиење. Соработката со Владата резултира со вака големи и многу важни проекти за сите граѓани. Продолжуваме со работа!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи