Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 4 до 11 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 122 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 7 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 357. 58 лица се наоѓаат на болничко, 299 на домашно лекување, а 43 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 432 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.383.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 221 лицa.