Советот на општина Прилеп денеска ја одржа редовната 52 седница, на која членовите на Советот расправаа по повеќе прашања кои што се од интерес и значење за граѓаните.
Советниците ги усвоија извештаjот за работата на Советот за 2020 година и Програмата за работа за 2021 година, како и Одлуката за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и финансискиот план за 2021 година на ЈКП ,,Водовод и канализација’’. Согласно финансискиот план, планираните приходи на јавното претпријатие за тековната 2021 година изнесуваат 214, а расходите 204 милиони денари.
Членовите на општинскиот Совет ја изгласаа и Одлуката за донесување урбанистички план за вон населено место за изградба на Е2-комунална супраструктура – градби за производство на енергија термоелектроцентрала на биогас и сообраќајно регулирање на крстосница со регионален пат Р1107, м.в. Дуј Гас, КО Ново Лагово, плански период 2020-2030. „Зелено светло“ доби и Предлог-Програмата за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2021 година.
На денешната седница, советниците ја усвоија и Програмата за култура за 2021 година.
На седницата која се одржа онлајн, прилепските советници изгласаа и повеќе други одлуки, меѓу кои и Одлуката за доделување на 5м3 камени бекатон плочки на манастирот Св.Ѓорѓија.