Поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетнички со злоупотреба на положбата на 46 годишниот прилепчанец Р.П. ОСновниот суд од Прилеп, а по барање на Јавното обвинителство му одреди мерка 30 дневен притвор. Според обвинителството осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.
Како штро велат извори од истрагата дел од овие дејствија се случувале пред и по тренинзите, но и еднаш на службено патување кога гостувале на натпревари надвор од Прилеп. Според соопштението на МВР случајо го пријавил еден родител на 15-годишна малолетничка. Инаку дознаваме дека пријава против тренерот досега поднесле 3 ученички кои тренирале кај него.
Бранителот на осомничениот Жаре Стеваноски истакна дека истрата била во тек, станувало збор за доста тешко кривично дело. Според Стеваноски останувало нејасно зошто и јавното обвинителство и МВР одбиле полиграфско тестирање на осомничениот.
„Се уште истрагата е во тек, не би сакал да изнесувам други детали освен оние дека во текот на истрагата и во полициска постапка и пред јавниот обвинител беше инсистирано на полиграфско тестирање на осомничениот и не би додавал ништо повеќе бидејќи поради тоа што сериозно ги допира личните права на секој човек, па така и на осомничениот“, вели Жаре Стеваноски, адвокат на осомничениот.
Осомничениот мерката притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)