54 нови случаи на Ковид-19 во Прилеп од 19 до 25 јануари, починале 8 лица

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 19 до 25 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 54 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 8 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 212. 21 лице се наоѓа на болничко, 175 на домашно лекување, а 16 се лекуваат во дневната болница.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 163 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.522.

 

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 233 лицa.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира