Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 44 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 4 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 147.
17 лица се наоѓаат на болничко, 116 на домашно лекување, а 14 се лекуваат во дневната болница. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 130 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.563.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 237 лицa.