Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 февруари (четврток)  2021 година  започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита ( сите парични прaва) за месец јануари 2021 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 февруари  2021 година.

 

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за  корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–  04.02.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

– 05.02.2021  (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи