Oд 1 до 7 февруари во Прилеп имало 81 нов случај на Ковид-19, двајца починале

 

 

Изминатата седмица, во периодот од 1 до 7 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 81 нов случај на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале две лица.

 

 

Бројот на активни случаи изнесува 151. 20 лица се наоѓаат на болничко, 109 на домашно лекување, а 22 се лекуваат во дневната болница.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 165 лица.

 

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.644.

 

 

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 239 лицa.

 

Што се однесува до состојбата со таканаречениот „британски сој“ на коронавирус, од Центарот за јавно здравје во Прилеп нагласуваат дека информацијата ќе биде проследена до јавноста во текот на следните денови, односно веднаш штом стигнат официјални податоци од МАНУ и Институтот за јавно здравје.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи