Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март, дознава неофицијално Плусинфо.
Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.
Во рамки на подготовките на конгресот, социјалдемократите почнаа процес на ажурирање на членството.
Боки 13 е осуден на 9 години затвор за случајот „Рекет“, но беше пуштен во домашен притвор поради здравствени проблеми.