ВИДЕО – Дали автомобилската индустрија кај нас ќе има последици поради падот на продажбата на нови автомобили во ЕУ?

Автомобилската индустрија во Македонија која вработува околу 30.000 луѓе кои работат во 20-тина странски инвестиции од овој сектор обезбедува 50% од вкупниот македонски извоз. Засега оваа гранка е стабилна, но поради тоа што само во јануари пазар во ЕУ на нови автомобили бележи пад од 20%, познавачите од оваа област велат дека ако продолжи овој тренд можеби нема да има отпуштања од работа кај нас, но со сигурност нема да има нови вработувања во овие фабрики, а секако дека дел од вработените би можеле да бидиат пуштени и на принуден одмор.

 

 

Засега овој сектор се покажа како доста отпорен на целата оваа криза. Прилепски Гентерм досега вработи околу 2.200 лица, иако ова бројка требаше според договорот со Владата да ја постигне во 2024. Сепак сега незнаат како оваа криза ќе влијае понатаму врз нивната работа.

 

„Ги зголемуваме нашите производствени количини од година во година, а се зголемува и бројот на вработени. Во моментов компанијата брои над 2.000 вработени. Се надеваме дека бизнис климата ќе остане поволна и во иднина за да ни овозможи да продолжиме да растеме со ова темпо“, рече Андриј Хафинетс, директор на „Гентерм“.

 

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, рече дека  Владата започнала со промовирање на еден нов, подинамичен и понепосреден контакт и комуникација со инвеститорите за да сите можни проблеми се решавале на побрз начин.

 

„Овој нов квалитет во нашите односи, во односите на Владата со инвеститорите ќе продолжи и понатаму. Новиот квалитет го гледаме и во тоа што ги поттикнуваме компаниите не само да ги исполнуваат своите инвестициски планови туку да одат и побрзо со исполнување на роковите и во смисла на обем на инвестиција и во смисла на работни места, па дополнително она што е исто така многу важно и во смисла на зголемување на платите“, истакна, Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ.

 

Дополнителни проблем и пад на нарачките во оваа индустрија може да предизвика и недостигот на микропроцесори на светско ниво. Но како ќе се одвива целата ситуација ќе се знае во наредните  неколку месеци.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи