ВИДЕО : Активисти за смена на Трамп фрлале по него со руски знаменца

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатно изненадување на Капитол хил, кога еден од активистите на групата која бара отповикување на претседателот фрли врз него руски знаменца, извикувајќи „предавство“.

 

Руските знаменца, на кои пишуваше „Трамп“, ги фрли Рајан Клејтон, член на организацијата „Америка презема акција“.

 

Портпаролката на полицијата на Капитол хил, Ева Малецки изјави дека триесет и шест годишниот  Клејтон (36) од Вирџинија е приведен и против него ќе биде покрената пријава поради незаконско однесување.

 

Исто така се истражува како Клејтон успеал да стигне до локацијата бидејќи е потребна акредитација.

 

Клејтон во јули беше меѓу група новинари во Сенатот, а тогаш фрли руски знаменца врз зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи