26 февруари 2020 година е датумот кога беше регистиран првиот случај на корона во Македонија. На овој датум, со комбе од Италија допатува жена на возраст од 50 години која официјално се смета за прв регистриран случај на коронавирусот. Од граничниот премин Табановце, таа веднаш беше пренесена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Иако во комбето со кое се превезувала имало уште 12 лица, ниту еден од нив не заболе.
365 дена подоцна, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214 лица. Бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.