Во однос на антикризните мерки ние предвидуваме 2 типа на мерки за финансиска поддршка на плати, едната е по моделот на пад на приходи и скалеста поддрша на компаниите со тоа што мораме да разбереме дека оваа поддршка се дава на почеток на годината. Рече денеска во Прилеп, министерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на средбата со бизнисмените од Прилеп и Битола.
„Сите очекуваме да има заздравување и рестарт на економијата до крај на годината. Ако компаниите кои добиле поддршка за два месеци во почеток на годината, на крај на годината ги стимулираме да покажат загуба за да не вратат средства тоа нема да го направиме. Ги стимулираме да работат добро, да покажат добри финансиски резултати, да вработуваат повеќе и само така нема да ја вратат помошта, само така ќе им се оддолжат на граѓаните што нивните даночни средства отишле кај тие компании. Тоа е правилниот пристап по кој треба да ги користиме и трошиме парите на граѓаните. Ако прикажат загуба ќе ги вратат“, рече Битиќи.