Музичкиот состав „Трио Долче“ од Македонија е добитник на Првата награда – Лауреати, во категоријата Инструментална музика, на еден од најпрестижните меѓународни уметнички фестивали во Италија „Sopravista International Festival-Contest“. Оваа година фестивалот се одржа он лајн поради пандемијата, во периодот на месец јануари/февруари 2021 година, на кој учество зедоа 200 натпреварувачи, кандидати, професионални музичари, уметници од 31 земја, поделени во повеќе категории според возраст и номинација во која учествуваат.
Учесниците од целиот свет имаат можност на овој фестивал да го покажат својот талент и имагинација, своите вештини и резултати, да ги задоволат потребите за креативно самоизразување и естетски развој, каде се популаризира уметноста и разбирањето на другите култури, начини на самоизразување и манифестирање на сопствената индивидуалност, како и размена на искуства,
Идната година, како добитници на Специјална награда Лауреати, „Трио Долче“, имаат покана да настапат во Италија во живо на натпреварот или да одржат целовечерен концерт.
Инаку дел од „Trio Dolce“ се : Проф. Андријана Дукоска (виолончело) од Прилеп, Проф. Светлана Богданоска Ристоски (флејта) од Охрид и Проф. м-р. Марија Шамоска Буџаковски (пијано) од Битола.
Оваа година тие одбележуваат 5 годишна плодна соработка. Изминатиов период успешно и активно концертираат со целовечерни концерти во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид), поддржани од Министерство за култура на Р. Македонија. Во нивниот изведувачки опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите временски епохи.
Ова е композицијата со која тие ја освоија наградата: