Левица Прилеп : Само блиски на власта добиле награди во прилепската болница, другите вработени вклучени во третманот на ковид пациентите изоставени

Прилепската болница, ЈЗУ Општа болница „ Борка Талески“, намерно или не, по втор пат заборавена, иако владата издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници, кои се вклучени во третманот на пациентите со Ковид 19, наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ Македонија. Се вели во денешното соопштение на Левица Прилеп објавено на нивниот ФБ профил.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Вработените револтирани, реагираат дека награди добиле само партиски вработени поединци и блиски на власта, а не целосните служби и одделенија во болницата.

 

Исто така, потенцираат дека, не им се исплатени дежурства, ноќни смени, па дури и стаж за месец јануари.

 

Дали Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, има воопшто префрлено средства за награда на здравствените работници во прилепската болница!?

 

Прашање до директорот на ЈЗУ „Борка Талески”, Др. Драган Богоевски – која е причината за неисплатени награди, дежурства, ноќни смени и стаж за месец јануари?“, се вели во соопштението на Левица.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи