Денес министерката за образование Мила Царовска се прошета низ Прилеп. Кампањата за локалните избори ја заппочнааа. Во време кога образованието го допре дното, наместо да ги решава реалните проблеми, министерката се шета по градовите, изјавина денешната прес конференција Жанета Видевска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„За жал ова министерство, не си ја знае образовната проблематика и експериментира продлабочувајќи ги постоечките проблеми.
Катастрофалните состојби во училиштата, нефункциoнирањето на националната платформа за онлајн-настава, немањето доволен број учебници, големиот број ученици кои немаат технички средства и можности за следење онлајн-настава, понижувачките и потценувачки услови во студентските домови во време на пандемија, се проблемите за кои Царовска треба да понуди решенија.
Незадоволството и барањата на средношколците во врска со Државната матура, пак, се посебен проблем за кој министерката немаше слух. Наместо да се намалат содржините од испитните програми и да се укине барем третиот екстерен предмет, како што бараа матурантите, им се нудат трошки односно им се нуди само префрлање на еден предмет од екстерно на интерно ниво. Ова претставува само дополнителен товар на професорите по општообразовните предмети коишто ќе треба да го спроведат полагањето и оценувањето на учениците, се разбира, без финансиски надомест, додека матурантите, за жал, останаа со неисполнети барања.
И, наместо да се замајува јавноста со некој нов проект преку кој ќе се идентификувале профили од средно образование кои би требало да бидат иднината на нашата земја и да бидат во функција на нашите компании, треба да се запраша Мила каква е состојбата во средните стручни училишта во поглед на бројот на ученици? Каде ќе се одржуваше практичната настава за оспособување на стручни кадри во училиштата доколку не беа инвестициите од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ? И да прашаме дали знаат локалната и централната власт дали има подобрување на стручното образование во Прилеп?
Владата како никогаш претходно ги остави младите на маргините на општеството, а за апсолутна негрижа за нив најдобро говори огромниот процент на невработеност кај младите. За нова инвестиција во Прилеп што ќе значи нови работни места, не станува ни збор.
Врв на достигнувањата е и таканаречената концепција за основно образование преку која очигледно треба да се задоволат нечии апетити и да се оправдаат парите наменети за овој грандиозен реформски проект и покрај гласните критики и несогласувања од професорската интелектуална фела во Македонија.
Почитувани, проблемите не се решаваат само со зборови. Се решаваат со добра анализа и со современи наставни програми кои на нашите средношколци ќе им обезбедат стручност и знаење за да можат полесно да бидат вклучени во реалниот сектор.
И на крај, се организираат бесцелни состаноци кои, освен поголем ризик од ширење на вирусот, не водат кон никакво ефикасно решение“, истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.