Пејоска: Средните стручни училишта се спремни – компаниите да ги отворат своите врати за нашите ученици

 

 

Средното стручно образование е модуларно образование и еве веќе втора година работиме со модуларно дизајнирани програми. Тоа значи дека се става поголем акцент на праксата, отколку на теоријата затоа што во четврта година, овие ученици кои што се втора оваа година, веќе имаат контакт со компаниите и во четврта година 70% од наставата ќе се одвива практично, а само 30% теоретски, изјави директорката на СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп, Анета Пејоска.

 

„Сите стручни училишта од градот имаме потпишано меморандуми за соработка со компании каде што учениците треба, а и законска обврска е на учениците и на училиштата пред се, да ја посетуваат феријалната практика во текот на летото во компанија и во текот на целата година, во текот на школувањето, вратите од компаниите да ни бидат отворени за да може да се одвива практичниот дел од наставата. Би сакала да спомнам дека средното стручно образование и средните стручни училишта подаваат рака и сме спремни, но сакаме да добиеме рака назад од компаниите да ги отворат своите врати за училиштата, за да можат да ги носат своите ученици на практична настава во компаниите за да може да имаме заедничка соработка. Потребен е дијалог за да може училиштата да оспособат кадри спремни за пазарот на трудот. Знаеме дека компаниите имаат потреба од готов кадар за пазарот на трудот, а ние сме тука спремни. Ги користиме новите модуларни програми за дуално образование за да можеме да направиме врска помеѓу бизнис секторот и средните стручни училишта. Така, ќе се продуцира готов спремен кадар којшто би го искористил бизнис секторот“, изјави Пејоска.

 

Во средното стручно училиште „Орде Чопела“ во Прилеп има лични услуги, техничар за очна оптика, градежно-геодетска струка, техничар за геодезија, земјоделско-ветеринарна струка, каде што има ветеринарен техничар, техничар по фармерско производство, ракувач на полјоделска механизација, прехранбено-технолошка струка каде што има прехранбен техничар, хемиско-лабораториски техничар.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи