Министерот за економија Крешник Бектеши денес изјави дека угостителите биле доволно поддржани, вклучени биле во четвртиот пакет мерки, а ќе бидат вклучени и во петтиот.
„Имаше директни грантови за угостителите со 4-тиот пакет мерки, но ниту една дејност нема да биде заборавена и со петтиот пакет мерки. Не се согласувам со ултиматумите, а секако ги охрабрувам на искажување на своето мислење преку протести. Осум месеци се плаќаат платите од државата, вклучувајќи го тука и угостителството. Секако ќе има и други олеснувања“, рече Бектеши.
Угостителите денес во периодот од 14 до 17 часот ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот Александар Македонски незадоволни од тоа што не им се дозволува да работат.