Заев најави повисоки давачки на граѓаните кон општините – поголем данок на имот, фирмарина…

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Владата и ЗЕЛС разговарале за обезбедување на трајни одржливи поголеми извори на приходи за општините, што би значело повисоки давачки за граѓаните, без разлика дали ќе се однесува на сите или за дел. Одлуката за тоа најверојатно ќе биде донесена в лето.

 

„Една од актуелните отворени теми на релација ЗЕЛС и Влада е токму таа, да се обезбедат трајни одржливи поголеми извори на приходи, а да не бидат тоа приходите од градежно државно земјиште и од комуналиите, но вакви одлуки никаде во светот, ниту кај нас се носат во време на ковид. Зошто ќе значат веднаш повисоки давачки за граѓаните, без разлика дали за сите или за дел од граѓаните како и да ги развиваме концептите.  Се дискутира многу често за градска рента, се дискутира многу често за зголемување на изворните приходи, како што е данокот на имот, фирмарините коишто доаѓаат.  Правиме паралели со европските земји членки кои се тие плус приходи што ги имаат општините ширум Европа и слично, изјави премиерот Зоран Заев.

 

Тој истакна дека во секој случај, доаѓа до повисоки давачки на граѓаните и затоа верува дека во време на одмината криза, во летото ќе може попрецизно да ги дефинираат давачките.

 

Меѓу другите извори на приходи за општините ќе бидат продавањето на државното земјоделско земјиште, но и повисоките казни за тие кои не ги почитуваат законите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи