Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во соработка со општина Кичево моментално работи на реализација на проектот „Пилотирање на програма за одговорна социјална поддршка“ финансиран од страна на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Во рамките на овој проект, како дел од активностите се работи на зголемување на капацитетите на иституциите и граѓанскиот сектор за утврдување на проблемите во заедницата и изнаоѓање на одржливи решенија.
За таа цел, неодамна во хотел “Aqualina” – Охрид се одржа обука за „проектен дизајн, развивање и имплементирање“ каде што учесниците имаа можност да научат повеќе за проектен менаџмент.
На обуката беа присутни представници од Општина Кичево, Центар за социјална работа – Кичево и представници од здруженија на граѓани и бизнис сектор од Кичево.