Овој модел во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп за прв пат бил спроведен во јуни 2011/12 година. Долги години овој модел успешно се спроведува во нашето училиште благодарение на креативни, мотивирани ученици кои се залагааат за правата на учениците, веќе 4 генерации на Ученици правобранители. Ученици правобранители биле: Борјан Јованоски, Андреј Ристески, Тамара Тодороска. Моментално Ученик правобранител е Матеа Поповка, а заменици Ученици правобранители се Филип Наумоски И марија Петреска.
Ученик правобранител е ученик кој се грижи за правата на учениците. Улога на Ученикот правобранител е да ги штити правата на учениците и да врши промоција на истите. Правата на учениците се од голема важност бидејќи тие ги определуваат вредностите на општеството.
Од учебна 2018/2019 година сум Ученик правобранител во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп. Активностите ги огранизирам и реализирам заедно со мојот тим, Pancakes. Ментори на овој модел се проф. Билјана Тинтоска, проф. Слободан Петкоски, педагогот Снежана Милошеска и директорката Петра Лукароска.
Во овие три години организиравме многу активности. Ја одбележавме Неделата на детето, Светскиот ден на детето, Денот на лицата со хендикеп, Денот на човековите права, спроведовме презентации во сите класови од нашето училиште со цел учениците да се информираат за моделот Ученик правобранител, организиравме хуманитарна забава за денот на вљубените. Оваа година со видео кое го снимивме со учениците од тимот го одбележавме Денот на детето, го одбележавме и Денот на лицата со хендикеп, Денот на солидарноста, снимивме видео по повод кампањата 16 дена активизам против насилство, Денот на ракот, ставивме акцент и на слободата, снимивме видео по повод Светскиот ден на ветувањата и други. Активноститие кои ги имаме спроведено во оваа учебна година можете да ги видите на Instagram профилот team__pancakes.
Постојано се грижиме за правата на учениците, ги информираме за нивните права, соработуваме и што е најбитно поминуваме квалитетно време заедно и се забавуваме. Среќата која ние ја живееме и чуствуваме се обидуваме да ја пренесеме на сите околу нас. Моја цел и цел на мојот тим е на луѓето поблиску да им ја донесеме среќата, бидејќи на овој свет на сите поблиска им е тагата.
На секој настан имавме различни гости, на еден од нив имавме ученици од сите основни училшта од нашиот град, имавме гости од сите средни училишта од Прилеп и од Дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница, соработувавме со Коалиција СЕГА, Црвен крст – Прилеп, Младински совет – Прилеп Betty Zin, Драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Текстилната секција СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп и други.
Веќе три години активно се залагаме, вложуваме труд, цртаме насмевки на лицата од луѓето, ги усреќуваме и и ние сме среќни. Поодршката од тимот, нивната желба за соработка и создавање нешто ново е главна карика која не води низ оваа приказна . Секој пат кога ќе помсислам дека го достигнавме врвот тие доаѓаа со нови идеи, кои со силна желба и напорна работа успеваваме да ги реализираме во настани исполнети со многу среќа и љубов.
Сите ние сме од ѕвездена прашина. Вселената е наше минато и наша иднина. Немаме втор живот за тогаш да ја чувствуваме слободата, да и се радуваме на среќата и да пренесуваме љубов. Слободата ни дава мир, среќата не оживува, а љубовта ни го менува животот.