Тимот на Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет Прилеп, е тим кој е составен од амбициозни, креативни студенти, спремни да ги реализираат своите идеи и да го подобруваат студентскиот стандард.
Уште од самите почетоци на Економскиот факултет-Прилеп постоело студентско организирање и студентите се залагале за своите права, организирале најразлични настани и активности, присуствувале и конкурирале на најразлични натпревари и го претставувале факултетот, овозможувајќи им шанса на студентите да се надоградуваат себеси и на професионален, и на личен план.
Процесот на ваквото студентско организирање на Економскиот факултет-Прилеп започнува со Студентскиот сојуз, кој подоцна бил преименуван во Студентски парламент, а додека последните две години, како тело во рамките на Факултетот функционира Факултетско Студентско собрание.
Низ целокупниот овој процес, за прв пат со уредувањето на статутите за Факултетските Студентски собранија, на студентите им е овозможено да учествуваат во процесите на донесување одлуки, како во рамките на Факултетот, така и на ниво на Универзитет, со што студентското организирање е подигнато на повисоко ниво.
Автор : Ангела Митреска, претседател на ФСС, член на УСС-УКЛО