Претседателот на МАНУ, Коцарев: На сите им е јасно дека се удира по Блаже Конески

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Последниот удар се „реформите“ на факултетот со кои престануваат да постојат катедрите по македонскиот јазик и македонската книжевност. УКИМ, МАНУ и други институции се формирани заради македонскиот јазик и македонската книжевност. Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност.

 

Сакам да нагласам дека МАНУ ги подржува сите активности поврзани со Годината во чест на Блаже Конески. За жал, се ова што се случува поврзано со Конески, ме потсети на неговите стихови:

 

„Ќе дојде време на лажни пророци
Што божем во мое име
Ќе ве збираат по плоштадите
Ќе креваат врева до небеси,
Ќе се бувтаат во градите.
Немојте да им верувате!
Тие мислат само на себеси.
Што дека прогласуваат
Дека ве спасуваат!…“

 

Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе предизвика, што го знаат подобро поупатените од мене, лавина непопуларни реакции во светот по однос на македонистиката, што ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност. Не верувам дека овие зборови ќе допрат до некого, но јас сакам да ги изречам.

 

Уште еднаш ви посакувам денес успешна работа. Ќе повторам, МАНУ ги подржува сите активности поврзани со Годината во чест на Блаже Конески. И посакувам успешна Годината во чест на Блаже Конески.

 

Љупчо Коцарев,
претседател на МАНУ
26.02.2021

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи