Невена Стојаноска, новата надеж на прилепскиот бокс

 

На 28.02.2021 година се одржа интернационален боксерски турнир во Лесковац Србија. На овој турнир дебитираше и Невена Стојаноска во кадетска конкуренција до 45 кг. од БК АС Прилеп.

Противничка и беше искусната Нада Кривачевиќ од БК ВИТЕЗ Ниш. Невена Стојаноска тренира веќе 2 години во нашиот клуб. Редовна е на тренинзи , дисплинирана и амбициозна во боксот.

 

 

Што се однесува за првата нејзина борба можам да кажам дека имаше доста искусна противничка и сум презадоволен од нејзиниот настап. Од нејасни причини судијата и броеше два пати на Невена и автоматски борбата се прекинува. Невена настапи храбро тенички и тактички и пласира неколку снажни удари на противничката, Ова е само почеток и оваа борба е минато , планираме наредни борби за Невена и успешно да го претставиме нашиот клуб“, вели Дарко Чатлески, тренер во БК АС Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира