Со одлука на Регулаторната комисија од ноќеска малопродажните цени на горивата повторно поскапуваат.
Според најновата одлука, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизелот се зголемуваат за еден денар, додека кај бензинот Еуросупер БС-98 поскапувањето е за денар и половина.
Со тоа по полноќ до наредниот понеделник Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 65,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 67,50 денари, додека Еуродизел ќе се продава по цена од 56 денари по литар гориво.







