Од 22 до 28 февруари во Прилеп 315 нови случаи на Ковид-19, починале 10 лица

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 315 нови случаи на Ковид-19.

Од последици на коронавирусот починале 10 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 658.

75 лицa се наоѓаат на болничко, 499 на домашно лекување, а 84 се лекуваат во дневната болница.

Во домашна изолација и самоизолација заклучно со денеска се наоѓаат 470 лица;

Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.431, а од вирусот починале 264 лица.

Дополнително, од Центарот за јавно здравје информираат дека од почетокот на пандемијата евидентирани се 8 случаи на реинфекција со вирусот Ковид-19.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира