МВР: На Тик-Ток се шират повици за самоповредување на малолетници

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на социјалната мрежа „Тик Ток“ се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Моментално повиците доаѓаат од профили од Русија и Израел.

„Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања“, велат од МВР.

МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи