ВИДЕО – Недостасуваат само уште 2.000 евра Матеј Алексоски да застане нормално на нозе

 

Потребни се уште само 2.000 евра малиот Матеј Алексоски од Прилеп да застане нормално на нозе. Матеј боледува од церебрална парализа. Лани во јуни руски лекари, кои доаѓаат во клиниката во Чуприја, во Србија, го направија ласерска операција на левата нога, која заедно со постоперативниот третман на бањи чинеше околу 7.000 евра, пари кои неговите родители ги немаа и се собраа преку донации.

 

 

Сега за да 100% нормално му се врати одењето потребна е уште една операција која чини нови 4.000 евра. Досега се собрании 2.000 евра, недостасуваат уште половина, а операцијата е закажана за крајот на овој месец. И од Здружението „Надеж за сите“ апелираа што побрзо да се соберат потребните средства и Матеј да започне да има нормално детство.

„Упатуваме апел до сите граѓани, хуманитарни организации, приватни фирми, приватни институции да излезат во предвид за Матеј Алексоски, бидејќи времето се ближи, операцијата ќе биде за неполн месец, а потребни му се уште 2.000 евра. Упатуваме апел кој е во можност да му излези во пресрет за следната операција Матеј да застане повторно на здрави нозе. Се искомплицира, дојде до искривување на колкот и мора повторно да замине во Србија. Ова е втора операција, првата беше успешна 80%, но сега има мало искривување на колкот, така да мора итно да се санира. Сега ќе бидат докторите на 15-ти март во Скопје за преглед и закажана е операцијата некаде на крај на март“, рече Билјана Глигорва од Здружение „Надеж за сите“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи