Обвиненија за 7 учесници на протестите за предметот „Монструм“

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение за 7 учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“.

Шестмина од нив веќе се во притвор, а за уште 1 обвинителството на судот денеска му предложи да определи мерка притвор, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

Сите се обвинети за кривично дело „Учество во толпа“ – кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Овинителството ќе бара продолжување на притворот.

Овие 7 лица на 26 февруари биле дел од толпата на насилниот протест кој вклучувал фрлање со камења, метални шипки, бекатон плочки и друго. Биле повредени 11 полициски службеници и една новинарска екипа.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира