ВИДЕО – Тошеска: Жените земјоделки немаат право на платено породилно отсуство, тоа е голема дискриминација

 

Особено голем предизвик за жените регистрирани земјоделки е тоа што немаат право на платено породилно отсуство. Со тоа тие се дискриминирани од другите жени работнички без разлика дали потекнувата од урбана или рурална средина. Иако и тие плаќаат здравствено и пензиско осигурување, за разлика од другите категории работнички немаат право да користат платено породилно отсуство и платено боледување.

 

 

„Локалната акциона група Агро Лидер“, со поддршка на фондација „Отворено општество“ веќе гласно зборува, веќе сме во припрема на предлог мерки за да може да се овозможи платено породилно отсуство за жени земјоделки. Направено е истражување во пелагонискиот регион, во време на пандемија успаевме да разговараме со 400 жени земјоделки да видиме колку од нив успеале некако да искористат платено породилно отсуство и процентот е поразителен, само 2% од 400 анкетирани успеале да искористат платено породилно отсуство. Тоа што дополнително ја отежнува работата на жената земјоделка и нејзиното тројно оптоварување, во репродуктивната, социјалната и економската сфера“, вели Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи