Вонредна вест: Каталонија прогласи независност од Шпанија!

Facebook
Twitter
Email
Print

Каталонскиот регионален парламент гласаше за прогласување независност од Шпанија, додека шпанската влада се чини дека наметна директна власт во покраината, јави Би-Би-Си.

 

За независност гласаа 70 пратеници, против беа 10, а два пратеници беа воздржани, додека пак пратениците од опозицијата го бојкотираа гласањето.

 

На гласањето во парламентот присуствуваа преку 200 градоначалници од Каталонија, додека илјадници граѓани беа на улиците во поддшка на независноста.

 

Шпанскиот Сенат би требало во 15:30 по локално време (16:30) да гласа за членот 155 од шпанскиот Устав, кој овозможува преземање контрола на надлежностите на Каталонија, соопшти шпанскиот Ел Паис.

 

Шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно на сенаторите им рече дека е потребно директно владеење за да се вратат „законот, демократијата и стабилноста“ во Каталонија. Народната партија на премиерот има мнозинство, така што се очекува неговиот предлог за активирање на овој член од Уставот да биде прифатен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи