Причина за полицискиот час за кој ќе се одлучува денес се младите, кои се собираат навечер, а не носат маски и се преносители на вирусот, кажува министерот за здравство, Венко Филипче.
„Психолошки можеби влијае кај луѓето, но барам разбирање и поддршка. Сето ова е во интерес на заштита на јавното здравје со цел овој бран на некој начин да го амортизираме. Целта е да се намали движењето во вечерните часови после затворањето на угостителските објекти. Сведоци сме дека младите се собираат и во вечерните часови на јавните површини, не се носат маските и очигледно е дека британскиот сој кој е се поприсутен кај нас – над 70% и очигледно го прави своето“, изјави во Утрински брифинг, министерот Филипче.
114