ОТА во 2020 година посредувала во нови 475 мерки за следење на комуникациите, најмногу за потрбите на МВР

 

Во текот на 2020 година за потребите на овластени органи во државата, ОТА технички посредувала во 475 нови активирања на мерката за следење на комуникациите и 378 продолжувања на мерката за следење на комуниукациите, се наведува во Извештајот на ОТА доставен до Собранието.

Од вкупниот број нови активирања на мерката за следење на комуникациите, 321 биле за потребите на МВР, а 68 за потребите на Јавното обвинителство. Од наведените 378 продолжувања на мерките за следње на комуникациите со техничко посредство на ОТА во 2020 година, 104 биле за потребите на МВР, додека 36 за потребите на Јавното обвинителство.

Во ОТА во текот на 2020 година биле спроведени и четири дисциплински постапки.

Во текот на 2020 година, се наведува во извештајот, ОТА спроведувала и планиран и вонреден увид во работата на операторите поврзана со исполнување на техничките услови и применетите мерки и стандарди предвидени со закон.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи