Османи: Попишани над 60.000 граѓани од дијаспората – најмногу од Швајцарија, најмалку во Канада и Австралија

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани 64.176 лица од дијаспората, информираше денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Најмногу граѓани има попишано од оние што се иселени во Швајцарија, околу 16 000, што претставува околу една четвртина од очекуваните бројки. Следни се Германија со околу 10 000 попишани иселеници и Италија 6 000.

„Најслаб одзив имаме во Канада и Австралија и токму сега упатувам апел до сите наши сограѓани таму да го искористат своето право и да се попишат“, изјави денес на прес-конференција, министерот за надворешно работи Бујар Османи.

Османи рече дека како одговорно Министерство преземаат дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес.

„Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во странство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора“, изјави Османи.

Тој додаде дека активно се работи на промоција и дисеминација на овој процес, а работната група на МНР е во постојано заседавање и ја следи работата на ДКП и телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.

„Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет“, изјави Османи.

Остануваат уште 35 дена за иселените граѓани сами да може да се попишат, како и периодот од 1 до 21 април во кој ќе се спроведува пописот во земјава и граѓаните кои се тука, ќе можат да ги попишат и иселените доколу го имаат нивниот матичен број.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи