Општина Прилеп повторно ќе доделува субвенции за велосипеди и клима уреди

 

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 54-тата седница. Членовите на општинскиот Совет, денеска ги усвоија и Правилниците за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди и клима уред-инвертори за 2021 година.

Истовремено, советниците изгласаа Одлуки за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција, односно надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди и клима уред-инвертори за 2021 година. И тоа, до 50 отсто од вредноста на грејното тело, но не повеќе од 10.000 денари, како и до 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство. Вкупната сума, која Советот ја оддели за таа намена, изнесува 5.000.000 денари, од кои 4.000.000 денари за набавка на клими, а 1.000.000 денари за велосипеди.

Советниците ги усвоија и Годишните сметки на сите основни и средни училишта од Прилеп, за 2020 година.

Дополнително, општинскиот Совет даде согласност на извештајот за работата на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’’-Прилеп, со финансиски извештај за 2020 година, а ги изгласа и Одлуките за усвојување на Годишните сметки на Градската библиотека, ЈОУДГ ’’Наша иднина’’-Прилеп и ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за 2020 година.

На денешната седница беа усвоени и Годишните сметки и Извештаите за 2020 година, за работењето на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, ЈКП ,,Пазари’’-Прилеп и ЈП за ПУП-Прилеп. Усвоени беа и тримесечниот извештај за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп за периодот од 01.10.2020 година до 31.12.2020 година, како и Годишната сметка на претпријатието за 2020 година.

Покрај другото, советниците донесоа Одлука за донесување на Регулациски план на ГУП за град Прилеп за ЧЕТВРТ 7 во БЛОК 7.3, КО Прилеп, Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи