Жена од Флорида го родила првото бебе на светот кое има антитела на коронавирусот.
Како што пшува Индепендент, жената примила 1 доза од вакцина на „Модерна“ против коронавирусот додека била бремена во 36та недела, а според лекарите, нејзиното бебе веќе има антитела.
Овој случај би можел да има значителни импликации во напорите за борба против пандемијата, велат експертите.
Таа се породила 3 недели подоцна, кога на свет донела здраво девојче. Во јануари на девојчето му е земен примерок од крв и направен е ДНК тест.
„Тестиравме да видиме дали антителата на мајката по вакцинирањето се пренеле на бебето, и според нашите сознанија, ова е прво бебе во светот кое е родено со антитела по вакцинирање“, изјавил педијатарот д-р Пол Гилберт од Флорида.