Денес во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за предметот „Меѓународен сојуз“ во кој што ќе сведочи македонскиот бизнисмен Орце Камчев.
Камчев беше спроведен во судницата од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што како што го издржува 30-дневниот притвор кој што во неделата му беше одреден.
Обвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ е Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од раководството на СДСМ – Фросина Ременски, Миле Јовановски (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.