Халими : Не собираме данок бидејќи Арачиново има многу социјални случаи и дивоградби

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Градоначалничката на Арачиново, Милитие Халими, излезе со објаснување зошто оваа оптина е единствена во Македонија што нема ниту еден денар собрано од данок на имот затоа што има голем број на дивоградби за чии жители е тешко да ги легализираат.

„Општина Арачиново за жал има и голем број на корисници на социјална помош. Секако проблемите со дивоградбите од минатото и финансиската неможност на семејствата за легализација влијаат врз собирањето на данокот. Ние како општина аплицираме за сите отворени проекти и фондови“, вели Халими за 24 Вести.

Таа додава дека Арачиново е рурална општина и дека во минатото била запоставувана запоставено од претходните градоначалници и претходните влади.

Ова е прво објаснување од страна на градоначалничката, по информацијата пред две недели дека Арачиново е единствена општина која нема даночно одделение.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира