Во извештајот што ќе биде објавен во следните недели, СЗО детално ќе го објасни изворот на пандемијата на Ковид-19, пишува livescience.
СЗО започна детална истрага во јануари со цел да го открие изворот на пандемијата. Наодите велат дека изворот се наоѓа на фарми на диви животни. Многу од фармите се наоѓаат во провинцијата Јунан. Оттаму препродавачите набавуваат диви животни за пазарот на морска храна Хуанан во Вухан. Токму од таму потекнуваат првите откриени случаи на Ковид-19 од минатата година.
СЗО ќе објави детален извештај за своите наоди во наредните недели. Мисијата започна во јануари, по серијата теории на заговор што се раширија низ целиот свет. Една од нив беше дека вирусот некако избегал од лабораторијата во Вухан, а СЗО го исклучи тоа сценарио минатиот месец, со образложение дека нема докази за тоа.
Научниците се согласуваат дека вирусот циркулирал во лилјаци, а потоа се пренел врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни кои биле продавани на пазарот.