Кариерното советување како поддршка за младите

 

Сите ние раскажуваме приказни за нас самите. Приказните нè дефинираат. Да знаеш некого добро значи да ја знаеш и неговата приказна, искуствата кои го обликувале и промените во животот кои го тестирале. Им раскажуваме на оние кои сакаме подобро да нè запознаат, за нашите желби, за нашите соништа, за нештата кои сакаме да ги постигнеме. Уште како мали деца сонуваме и мечтаеме дека ќе постигнеме нешто кога ќе пораснеме. Си игравме и си замислуваме како сме доктори/ки, професори/ки, продавачи/ки… Колку и да не сме биле свесни, сепак сме се поврзувале со избор на професија уште од мали нозе. Се насочуваме кон нешто и целиме истото и да го оствариме. Целиот тој пат кој го поминуваме, поддржан е од нашите родители кои покрај тоа се и наши кариерни советници. И доаѓа моментот на промена, на тргнување во некоја професионална насока, кога ќе ја напуштиме точка А без притоа целосно да ја напуштиме и почнуваме да се движиме кон точка Б, а не знаеме како до таму и што всушност нè очекува во професионалниот свет.

Покрај огромниот избор на можности за кариера денес, развојот на кариерата станува сè поважен за истражување на интересите и можностите. Од суштинско значење е младите да добиваат кариерно советување уште додека се во училиште за да бидат подобро подготвени за она што ги очекува по училиштето и за преминот во зрелиот свет и во светот на работната сила. Денес, младите имаат многу можности преку кои можат да ги подобрат своите вештини и квалификации, а со тоа да ја зголемат и својата вработливост. Една од тие можности е и преку проектот на Коалиција СЕГА „Зајакнување на младите преку нови можности во Прилеп“, чија главна цел е да се придонесе кон подобрување на вработливоста и активно учество на пазарот на трудот на ранливи млади во Прилеп.

Зајакнувањето на вештините и компетенциите водат до зголемена вработливост, а истото може да води и до поголем успех на патот кон посакуваната цел. Вложувањето во себеси и подобрувањето на она што веќе го поседуваме е важен придонес за кој вреди човек да се посвети.

Автор: Лела Јурукова

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи