Вчера во 18.30 часот во полициската станица во Прилеп е пријавено дека на улицата „Трајко Николовски” се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген голф” управувано од Т.Д. (34) и велосипедистот Ц.Р. (34) и двајцата од Прилеп. По незгодара Т.Д. со возилото го напуштил местото.
„Во сообраќајката Ц.Р. здобил тешки повреди кои му биле констатирани во Градската болница во Прилеп. По преземени мерки, Т.Д. и возилото биле пронајдени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.