Најлудата забрана во историјата на фудбалот!

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако навивачите на Наполи пред две недели направија хаос на гостувањето во Англија и претепаа навивачи на Манчестер Сити, раководството на Наполи реши да им забрани носење каиши на вечерашниот меч од Лигата на шампионите. Оваа вест звучи малку бизарно, но е официјална!

 

Еден Италијанец заврши и во затвор, ќе мора да одлежи казна од пет месеци. Фановите на Наполи ги претепаа противничките навивачи вадејќи ги своите каиши. За да не се повтори вакво нешто, полицијата во Неапол издаде наредба никој да не смее да носи каиши на стадионот на утрешниот натпревар со „граѓаните“.

 

Забраната се однесува и на гостинските функционери и доктори, но сеуште не е јасно дали важи за Пеп и неговите фудбалери.

 

На ваквата одлука на Наполи се огласија навивачите на англискиот тим.

 

„Ова е чиста лудост. Знаеме дека италијанските хулигани се тепаат со каиши, но Англичаните никогаш немаат направено вакво нешто“, изјави Кевин Паркер, член на Здружението на навивачи на Манчестер Сити.

 

Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши со победа на Манчестер Сити од 2-1.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи