Катастрофа во Северна Кореја: Се сруши нуклеарен тунел!

Facebook
Twitter
Email
Print

Повеќе од 200 лица загинаа при инцидент во главната нуклеарна постројка во Северна Кореја, известуваат денеска медиумите од Јапонија и Јужна Кореја.

 

Трагедијата се случила во нуклеарната база Пунгје Ри на североисток на земјата на 10 октомври, но за инцидентот се дознало дури денес.

 

Околу 100 луѓе настрадале кога се урнал недовршен тунел во севернокорејскиот нуклеарен објект, а уште 100 загинале додека се обидувале да ги спасат затрупаните работници. Допрва треба да се испитува дали е дојдено до протекување на радиоактивен материјал.

 

Пунгје Ри беше местото каде што беше извршено нуклеарното тестирање на 3 септември. Не се знае дали тоа е причината за уривањето на тунелот.

 

Вчера Јужна Кореја предупреди дека уште еден нуклеарен тест на тоа место ќе доведе до колапс на планинскиот објект, што би предизвикало смртоносно истекување радиоактивни материи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи