Македонец на седумдесет и тригодишна возраст е во кома откако вчера му се слошило по примена вакцина против ковид-19 во салата „Чаир“ во Ниш, Србија.
Директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ вели дека не е позната причината зошто му се влошила состојбата на пациентот, но вели дека тоа не е поради срцеви проблеми.
„Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени“, вели Перишиќ.
Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.