Утрово во 8 часот започна имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“, но дури 20% од пријавените не се појавиле во дадениот термин за вакцинација.
Во однос на организираноста во вакциналните пунктови тој додаде дека сè тече без проблеми.
„Нема никакви проблеми, организацијата е одлична. Уредно се обележани сите места каде што се врши имунизацијата. До овој момент, околу 20 отсто од пријавените не се појавиле на пунктовите за вакцинација, но засега е премногу рано за да се каже колкав ќе биде тој процент“, рече Филипче.
Според Филипче, засега не се знае дали граѓаните кои не се појавиле на вакцинација веќе се вакцинирале во Србија.