Од 22.00 часот (30.03.2021) до 05.00 часот (31.03.2021) констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (30/31.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.