Светски ден за свесност за аутизмот – различни и прекрасни

 

Денешниот Светски ден за свесност за аутизмот има за цел да ги стави во центарот на вниманието пречките со кои се соочуваат лицата со аутизам и другите кои живеат со аутизам секој ден.

Овој ден нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и вклученоста.

Како растечко глобално здравствено прашање поради зголеменото присуство во печатот и општото знаење, аутизмот е проблем што добива сè повеќе разбирање и се планираат активности секоја година за понатамошно зголемување и развој на светското знаење за деца и возрасни кои имаат аутистично нарушување.

Со симболично трчање на Кејот на Вардар, денеска ќе се одбележи светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Настанот е организиран од страна на Здружението „Сина светулка“  и „KoRЯunners“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира